Ќе разберам доколку ме остави поради тоа: Гоца Тржан за односот со Рашо и нивниот искрен разговор за добивањето на бебе

Ќе разберам доколку ме остави поради тоа: Гоца Тржан за односот со Рашо и нивниот искрен разговор за добивањето на бебе

Објавена во: Живот // Живот

Поп пејачка Гоца Тржан гостување во една од емисиите на „Премијера - Викенд специјал“ и во таа прилика откри многу детали за односот со својот сопруг Раша Новаковиќ.

Последцните месеци многу медиуми пишуваа дека пејачката се одлучила за вонтелесно оплодување, а во оваа прилика си ја отвори душата за родителството и односот со Раша. Еве што би се случило доколку не добијат заедничко биолошко дете:

„Остварување во улога на мајка е најлошата фраза која ја имам слушнато. Никој не глуми во филм, не се остварувам во улога, јас кога ќе родам дете, тоа е за цел живот. Само звучи потажно и подраматично од „родив дете“. Бев мотивирана од мојата желба, мојот сопруг, моето дете. Но, многу е важно да се постават вистинските прашање. Дали се подготвен да бидеш со мене и доколку не добиеме наше биолошко дете? Секако дека тоа го прашав Радомир. ТУка се појавува проблем во нашиот однос. Јас имам 14 години повеќе од него и ако сега не успеам да родам, тешко дека ќе успеам во тоа за неколку години. Мора да се биде искрен и тоа е во ред. Не е недостаток на љубов доколку ме остави поради тоа. Тоа е искреност и желба за опстанок и репродуцирање“ - искрено октри Гоца.


Објавена во: Живот // Живот

Можеби ќе ве интересира: