Ќе се испроба како актерка: Чарли Д'Амелио доби главна улога во новиот трилер „Home School“
Чарли Д'Амелио потпиша договор за главната улога во новиот трилер „Home School“. Таа ќе ја глуми Мира, 17-годишна девојка која поради смртта на мајка ѝ се сели во друг град за да живее со својата тетка. Откако ќе стигне во градот кој изгледа како премногу совршен, Мира набрзо ќе открие дека смртта на нејзината мајка и нејзината сопствена иднина се натприродно испреплетени.
„Штом прочитав „Home School“ знаев дека е за мене. Се поврзав со ликот, Мира, приказанта, сценариото и екипата. Знаев дека, ако снимам филм, мора да биде нешто забавно, нервозно и свежо“ - кажа Чарли, а потоа додаде: „Иако улогата сигурно ќе ме научи да глумам и станам Мира, тоа е забавно возење и би требало да биде возбудливо да се прави и гледа. Исто така, сакав да бидам сигурна дека сум опкружена со одличен тим.“
Чарли е првата ТикТокерка која собра 100 милиони следбеници, а глобална популарност доживеа откако во 2019 година почна да објавува видеа со танцувачки предизвици на платформата. Од тогаш, својот успех го пренесе и на други полиња, појавувајќи се во рекламата за „Super Bowl 2020“ и во музичкиот спот на Џенифер Лопез. Во септември минатата година, „Хулу“ го започна „The D'Amelio Show“, документарен серијал со Чарли Д'Амелио и нејзиното семејство, кој ќе добие и втора сезона. Чарли исто така креираше сопствена линија облека на „Social Tourist“ и соработуваше со големи модни брендови, вклучувајќи ги Луј Витон и Прада.