Ќе се наежите: Сакала починатата мајка да го запознае нејзиното момче, но налетала на оваа случајност (ВИДЕО)

Ќе се наежите: Сакала починатата мајка да го запознае нејзиното момче, но налетала на оваа случајност (ВИДЕО)

Објавена во: Совети // Boys and Girls

Инаку, ова се случува во филмовите...

Една млада девојка ја споделила својата приказна на социјалните мрежи и сега стана вирална, бидејќи станува збор за приказна која инаку би ја виделе на филмското платно. Шансите нешто вакво да се случи во реалниот живот се многу мали, но на неа ѝ се случило.

Од оваа приказна ќе те полазат морници! Кога некој би ни раскажал нешто вакво, би помислиле дека лаже, но оваа девојка покажа дека нејзината луда приказна не е измислена. За жал, на само 7 години ја изгубила мајка ѝ. Поради милион работи, тоа ѝ паднало тешко, бидејќи мајка е само една, но една од тие работи е тоа што сакала мајка ѝ да го запознае момчето со кое ќе биде во врска.

Изгледа како ситница, но разбирливо е дека е нешто што го сакала, бидејќи запознавањето на момчето со родителите е голема работа. Мислела дека таа можност за неа е пропуштена. И потоа, кога нашла момче ја открила оваа неверојатна приказна.

@speccylee

Found out through this photo in his photo album. A moment straight out of a movie

iris -

Толку силно сакала да ја запознае мајка ѝ со него, а немала идеа дека тоа всушност се случило. Се испоставило дека тој во градинка бил во групата во која учителка била нејзината мајка, која таму работела и тоа само таа година. Дури на фотографиите кои се прават на крајот од годината покажала дека тој навистина стоел пред нејзината мајка. Случајноста како од некоја филмска приказна ги воодушеви луѓето. Кои се шансите да се случи нешто вакво? Би кажале многу мали, но на неа ѝ се случило. Дефинитивно се една од оние двојки, кои изгледаат како сродни души, а оваа ситница го потврдува тоа.

@speccylee Reply to @speccylee original sound - Leah Menzies

Со оглед на тоа дека по ова вирално видео луѓето ги затрупале со прашања, на неколку одговориле. Двајцата биле многу изненадени со оваа случајност и немале поима за тоа пред да почнат да се забавуваат.


Објавена во: Совети // Boys and Girls

Можеби ќе ве интересира: