Ќе се растопите кога ќе слушнете како го вика: Емина Јаховиќ му го прослави 11-от роденден на синот Јавуз

Ќе се растопите кога ќе слушнете како го вика: Емина Јаховиќ му го прослави 11-от роденден на синот Јавуз

Објавена во: Совети // Семејство

Пејачката Емина Јаховиќ на социјалните мрежи ѝ се обрати на својата публика и откри дека нејзината песна која ја снимила со Ацо Пејовиќ, нема да биде објавена на датумот на кој беше најавено.

Планот бил тоа да биде на Денот на вљубените, но поради ситуацијата во Турција по земјотресот, пејачката решила да ја помести промоцијата.

„Како што знаете, Турција ја погоди страшен земјотрес. Тоа беше еден од најстрашните периоди кои ги проживеав и јас, како и другите жители на Турција, бев целосно скршена. Земјотресот однесе многу невини животи, додека градовите се потполно уништени. Во следните два дена, ќе бидам во можност да го кажам датумот на премиерата на песната. Се надевам дека ќе биде подобро, ви благодарам на љубовта и разбирањето“ - напиша Емина.

Потоа, пејачката објави и фотографија од својот помлад син Јавуз, кој го прослави својот 11-ти роденден, а освен што му посака само убавини, Емина откри и каков прекар има момчето.

„Среќен роденден Јавуско. Моја безусловна љубов... Мој син и мој пријател. Нека те благослови Бог“ - напиша таа покрај фотографијата од роденденската торта.

По ова, сподели уште неколку фотографии од славеникот:

фото: Принтскрин / Инстаграм

Објавена во: Совети // Семејство

Можеби ќе ве интересира: