Ќе завршише со полиција: Јутјуберот Стефонатор за роденденот доби „опасно“ изненадување
Вчера на еден од најпознатите македонски јутјубери, Стефорнатор му беше роденден. Освен големиот број на честитки кои пристигнуваа од неговите обожаватели и пријатели, тој доби и е едно неверојатно, но и малку „опасно изненадување“.
Имено, неговиот другар, ГП, кој исто така е познат јутјубер, му органзираше изненадување. Огномети, роденденска торта, сомбреро шапки и најблиските пријатели на Стефонатор беа дел од ова роденденско изненадување.
„Ќе завршеше со полиција, ама денес ми е роденден“ - напиша Стефонатор на своето Инстаграм стори, каде откри дел од атмосферата за време на изненадувањето, а потоа додаде: „Фала ГП, не си нормален“.
Исто така, по повод својот роденден, јутјуберот на својот Јутјуб канал го сподели својот најголд лајв стрим, кој трае цели 6 часа, а за што станува збор погледнете во видеото во продолжение: