Ќерка ми ја нарекуваат чудовиште: Исповед на мајката на Луна, која ја навредуваат зошто е поинаква
Луна Фенер, шестомесечно девојче кое е родено со голем темен белег на лицето, кој личи на маската на Бетмен, успешно е оперирана, но ја чекаат уште многу операции. Мајката на девојчето Керол Фенер сега првпат открила поради што одлучила нејзината ќерка да подлежи на операции и поради нив оди со детето од Флорида дури во Русија.
„Бевме во црква и жената покрај нас и кажа на својата ќерка да не ја гледа Луна, бидејќи таа е чудовиште. Тој ден одлучив дека ќе ја оперираме“ - рече искрената мајка.
Со сопругот Тијаго тогаш ја започнеле потрагата по лекари кои може да и помогнат на малата Луна. Помош барем каде што можеле, па дури и на интернет.
Инаку, таквите операции во САД чинат околу 500.000 долари и здраственото осигурување не ги покрива. Покрај тоа и покрај истите на лицето на детето би останале белези.
Керол за Луна вели дека е „чудо од бебе“, бидејќи долго пробува да остане во блажена состојба. Меѓутоа, сега мора да најде решение за нејзината ќерка да може да има нормален живот.
Еден ден, еден руски лекар ја видел Луна на интернет и стапил во врска со Керол. Ги покажал резултатите од претходните пациенти и Керол и Тијаго на крајот одлучиле да одат во Русија со Луна на многу помали агресивни процедури и на 8 операции, наместо на дури 80, колку би требало да има во САД.
Луна веќе ја поминала првата операција, за која е потврдено дека била успешна.
Сепак, Керол и понатаму се соочува со ужасни коментари кои се упатени на Луна. Некој на Инстаграм и напишал дека Луна е ужасна и дека најдобро би било да ја убијат.
„За мене Инстаграмот истовремено беше и добар и лош. Понекогаш поради него се чувствувам подобро, но некогаш плачам и по цел ден“ - истакнува таа.
Како поради животот за својата ќерка, така и поради опасноста да и се разие карцином, доколку белегот не биде отстранет, Керол одлучила да направи се, за нејзината ќерка да биде успешно оперирана.