Ќерката на Џеј Ло се соочува со „хејт“ коментари на сметка на изгледот: На кого си толку грда?
Фановите на Џенифер
Лопез, заради изгледот на нејзината ќерка Ема Марибел, имаа коментари кои
излегоа од контрола.
Каде и да се појави, латино дивата Џенифер Лопез привлекува посебно внимание, особено откако ја обнови врската со нејзиниот поранешен свршеник актер Бен Афлек.
Познато е дека Џеј Ло посветува големо внимание на изданијата на црвениот тепих, но истото може да се каже и за нејзините дневни изданија на градските улици.
Така беше и вчера кога прошета по улиците на Лос Анџелес, во друштво на својата ќерка Ема, во опуштено издание, кое го надополни со омилените модни додатоци како златни прстени и големи очила за сонце.
Бројни обожаватели на латино дивата всушност беа изненадени од најновите фотографии, кои открија голема трансформација во изгледот на нејзината ќерка Ема Марибел.
Девојчето го прослави својот 13 роденден во февруари, по што реши да ја покаже својата бунтовна страна. Покрај тоа што го смени стилот на облекување и ги замени фустаните со широки маици и панталони, Ема ја скрати својата долга коса и сега ја обои во сина боја.
„На кого си толку грда?“, „Она кога мајка ти е Џенифер Лопез, а ти изгледаш вака“, „Греотка, цела е на татко ѝ“, „Изгледа како момче“, се коментарите на социјалните мрежи кои се отидени предалеку.
Од друга страна, многумина ја коментираа оваа трансформација на убавата Ема како нешто сосема нормално, и рекоа дека тоа е само фаза низ која поминува девојчето.
Да потсетиме, Џенифер ги доби Ема и нејзиниот брат близнак Макс во брак со пејачот Марк Ентони, со кого беше од 2004 до 2014 година.
Фото: Profimedia