Ќерката на Џони Деп го освои Мајами: Доминираше на ревијата на Шанел, особено впечатлив беше накитот околу стомакот
Лили Роуз Деп изгледаше сензационално во едноставна модна комбинација
Лили Роуз Деп доминираше во Мајами на ревијата на Шанел, на која таа е заштитно лице. Станува збор за ресорт колекцијата на познатата француска модна куќа, а преубавата ќерка на Џони Деп ги носеше најлуксузните креации.
Лили Роуз е заштитно лице на познатиот парфем „Шанел 5“, а веќе неколку години се појавува во бројни кампањи за овој луксузен бренд. Така таа овој пат го украде целото внимание на присутните, а очигледно е дека многу наследила од својот познат татко.
На шоуто „Шанел Круз“ младата актерка, која не е толку популарна во Холивуд, беше облечена во плетен комплет во сива боја. Таа имаше и предизвикувачки накит околу половината.
Колекцијата Шанел Круз првично беше претставена на француската ривиера, но сега е повторно прикажана на Флорида. Колекцијата е инспирирана од трките со автомобили и гламурот што ја опкружува Формула 1.
Можеби не случајно, оваа година во Мајами се одржа и Формула 1, со што градот стана „нов Монако“ за светската елита.
Извор: stil.kurir.rs