Ќерката на Харис Џиновиќ ја прашаа зошто е со момче кое ја изневерува: Таа изнесе детали од врската (ФОТО)
Џина Џиновиќ одговараше на прашањата кои ѝ ги поставуваат следбениците на Инстаграм...
Ќерката на Харис и Мелина Џиновиќ, Џина, често на социјалните мрежи споделува приватни фотографии и видеа. Таа на нив воглавно покажува како ужива во љубовта со фудбалерот на Црвена Ѕвезда, Андреј Ѓуриќ.
Сега одговараше на прашањата кои ѝ ги поставуваа следбениците на Инстаграм, поради кои проговори на многу теми.
Следбениците на ќерката на дизајнерката Мелина најмногу се интересираа за нејзиниот љубовен живот, односно за односот на Џина со нејзиното момче Андреј.
„Заедно сме две години и два месеци“ - порача помеѓу останатото Џина.
На прашањето од еден следбеник кое гласи: „Зошто си со Андреј кога сте две спротивности, патиштата ви се разделуваат и на сето тоа уште те изневерува?“, ќерката на пејачот Харис одговори:
„На мене единствено ми е жал што никој од вас (кои не следите преку плаформите) нема да знае какви сме ние во приватниот живот и каква ни е всушност врската. Јас на сите девојки им посакувам момче како што е тој“.
фото: Принтскрин / Инстаграм