Ќерката на Иван Ивановиќ наполни 18 години: Сега е вистинска убавица, а за тато засекогаш ќе биде „негово ќофте“

Ќерката на Иван Ивановиќ наполни 18 години: Сега е вистинска убавица, а за тато засекогаш ќе биде „негово ќофте“

Објавена во: Совети // Семејство

Ивановиќ објави фотографија од Сташа, која е направена во моментот додека ја замислувала роденденска желба и ги дувала свеќичките на тортата...

Постарата ќерка на водителот Иван Ивановиќ, Сташа Ивановиќ, вчера го прослави 18-от роденден, а водителот со емотивна порака на својата ќерка ѝ го честиташе влегувањето во светот на возрасните.

Водителот на својот Инстаграм профил објави фотографија од Сташа која е направена во моментот кога таа замислувала роденденска желба и ги дувнала свеќичките со бројот 18, на роденденската торта. Роденденската торта била во зелена боја, украсена со срциња во разни розови нијанси.

Иако наследничката на Ивановиќ сега е „голема“, Сташа за него засекогаш ќе биде негово ќофте.

„Вчера се заврши едно детство. Моето ќофте сега е возрасна личност, но за мене засекогаш ќе остане мое ќофте. Среќно, бебе“ - ѝ порача Ивановиќ на Сташа, разнежнувајќи ги сите следбеници.

Инаку, многумина велат дека Сташа физички многу личи на својот татко, а исто како него и таа ја има засакано сцената, но на друг начин, низ танц и балет.


Објавена во: Совети // Семејство

Можеби ќе ве интересира: