Ќерката на Јанко „Јади Бурек“ е матурантка: Сара во едноставна креација ја истакна својата убавина (ФОТО)
Минимализмот е нејзин заштитен знак...
Водителот и уредникот на емисијата „Јади Бурек“, Јанко Илковски го знаеме скоро сите. Професионално е посветен на својата работа, која повеќе од две децении одлично ја работи, а на приватен план е посвен сопруг и родител.
Кога сме кај родителството, тој најважните денови од животот на своите деца често ги споделува со своите пријатели на социјалните мрежи. Така, сега на својот Фејсбук профил сподели неколку семејни фотографии, по повод матурата на неговата ќерка Сара.
За најважниот ден на секоја тинејџерка, ќерката на познатиот водител одлучи да носи долг сатенски фустан во светла боја со асиметричен крој. Косата ја имаше исправено, со минималната шминка и накит уште повеќе ја истакна својата убавина, а целата креација ја заокружи во црните високи потпетици со циркони.
Инаку, Сара го има земено надоброто од своите родители. Светлите очи и белиот тен од мајка ѝ Лидија, а убавата форма на лицето од татко ѝ Јанко.
фото: Принтскрин / Фејсбук