Ќерката на Марко Јариќ и Адријана Лима го прослави 10-от роденден: Сиена имаше забава за паметење (ФОТО)
Ќерката на Марко Јариќ и Адријана Лима имаше забава за паметење
Пред само неколку дена манекенката Адријана Лима (41) го роди своето трето дете, синот Cиан. Иако се раздели од нејзиниот поранешен сопруг, српскиот кошаркар Марко Јариќ во 2014 година, а официјално се разведе во 2016 година, тие останаа во добри односи, пред се поради нивните деца, двете ќерки Валентина и Сиена.
Тие биле пресреќни поради доаѓањето на нивниот брат, а нивниот татко се погрижил да не бидат запоставени ниту еден момент.
Марко реши да им приреди забава за паметење на своите ќерки и нивните пријателки, а поводот е 10-тиот роденден на Сиена.
„Среќен 10-ти роденден, принцезо“, ѝ го честиташе роденденот на ќерка си Марко и покажа како веселиот тим добро се забавува.
Роденденската прослава очигледно траела цел ден, па покрај дружењето со пријателите, колачи и други задоволства, Валентина и Сиена уживале и во бројни активности во вода. За се да помине во најдобар ред, Марко не се одвојувал од своите наследнички.
Татко за пример!