Ќерката на Серена Вилијамс мислела дека држи играчка за мачки: Поранешната тенисерка сподели видео со кое ги насмеа сите
Поранешната тенисерка Серена Вилијамс сподели видео на ТикТок во кое го прикажува моментот кога нејзината 5-годишна ќерка Олимпија го помешала тампонот со играчка за мачки.
Имено, на видеото може да се види Олимпија како од тоалетот зима тампон, додека била во потрага по играчката која сакала да ѝ ја однесе на нивната мачка Карма.
„Што е тоа?“ - ја прашува Серена, на што девојчето одговора: „Играчка за Карма“.
Кога Олипија почнала да посегнува по другите тампони, Вилијамс брзо ја сопренла и ѝ кажала: „Немој повеќе да си играш со тоа“, а нејзината ќерка веднаш послушала.
@serena Who am I to steal her joy, it’s a Cat Toy! Don’t @ me #OlympiasWorld original sound - Serenawilliams
Серена и нејзиниот сопруг Алексис Оханиан во 2017 година станаа родители на Олимпија, а порано разговараа за проширување на семејството откако Серена неодамна се повлече од тенисот.
фото: Принтскрин / ТикТок