Ќерката на Синди Крафорд реди успеси, а синот ја срами: Го истетовирал лицето, а е во врска со поранешната на Бруклин Бекам

Ќерката на Синди Крафорд реди успеси, а синот ја срами: Го истетовирал лицето, а е во врска со поранешната на Бруклин Бекам

Објавена во: Совети // Семејство

Синди Крафорд и Каја Гербер неодамна се прошетаа на модната писта во креациите на Вирџил Абло, а многумина се прашуваа каде е нејзиниот син кој исто така е во модниот свет...

Синди Крафорд се појави на ревијата со ќерката Каја, која веќе некое време ја гради својата кариерата во модниот свет. Прошетаа во креации на покојниот Вирџил Абло, а посетителите не можеа да ги тргнат погледите од нив.

Додека мајката на модната писта се прошета во необичка креација која е спој на долго здолниште со набори, сако и маица, нејзината наследничка носеше пократка варијанта со голем надуен дел во пределот на половината.

Многумина коментираа дека Каја продолжува онаму каде што застана Синди, со оглед на тоа што во последно време сѐ повеќе ја ангажираат големи имиња од модниот свет, меѓутоа, има и такви кои не се согласуваат и коментираат дека всушност друг член на семејството Крафорд - Гербер е вистинска слика и прилика на познатата мајка.

Во прашање е нејзиниот син Присли, кој сѐ до последните неколку месеци ги полнеше медиумските страници со своето проблематично однесување.

Иако е факт дека тој навистина е машка копија на Синди, за жал светлиот почеток во модниот свет го расипа со бунтовничкото однесување и претерување со тетоважите, а во еден момент го истетовира и лицето.

фото: STOIANOV-SPOT / BACKGRID / BACKGRID USA / PROFIMEDIA

Иако има само 22 години, веќе бил и на одвикнување од наркотици, но бил и уапсен поради проблеми со законот, како и поради брзо возење под дејство на алкохол. Ни тоа не му било доволно, па на образот го истетовирал зборови „misunderstood“, односно „несфатен“.

„Да мислев дека ова ќе ми го уништи лицето или дека не го сакам ова, не би го направил“ - кажа тој за време на еден „лајв“ на Инстаграм и додаде: „Пишува несфатен, бидејќи јас така се чувствувам цел живот. Не се грижам доколку не ви се допаѓа“.

Всушност, младиот манекен на Инстаграм веднаш по тетовирањето сподели фотографии и напиша „Извини, мама“. Само неколку дена подоцна, објави видео во кое пука од огнено оружје, со опис: „невин мал јас, пред сите тие грозни тетоважи“.

Поради менталните проблеми, смејството се обидувало да му помогне на сите начини, а изгледа дека во последно време се враќа на вистинскиот пат. Така, кон крајот на годината е виден пред еден центар за отстранување на тетоважи, каде го отстранил натписот на образот.

фото: BENS / PAPS4REAL / BACKGRID / BACKGRID USA / PROFIMEDIA

Покрај тоа, има тетоважи на прстите, а на раката има лист од марихуана, како иметона Каја. Во 2020 година на торзото истетовира „310“ во чест на позивниот број на Малибу, каде живее со семејството, а на предната страна на десниот колк има пиштол.

Сега, изгледа дека се смирил, и воглавно му помага на татко му во семејниот ресторан, а го привлекува и фотографијата во која, по мислење на модните експерти е многу добар. Сериозно размислува и за преселба во Њујорк, каде, како што истакна во една прилика, би сакал да има свој бар или клуб.

Инаку, Присли моментално се забавува со Хана Крос кој пред него беше во врска со поранешното момче на Кортни Кардашијан, Скот Дисик. Пред тоа се забавувала и со Бруклин Бекам, а тој ја оставил по бројните кавги во јавноста, вклучувајќи ја и онаа во Гластонбери, каде бил со своите родители Викторија и Дејвид.

За врската на Хана и Присли се зборува уште од ноември 2021 година, а сега изгледа дека нивната љубов е силна и слободно разменуваат нежности во јавноста. Според мислењето на извори блиски до семејството, токму Хана е таа која влијае добро на него и прави избалансиран, поради што лесно, но сигурно се враќа на стариот пат.

фото: Принтскрин / Инстаграм

Објавена во: Совети // Семејство

Можеби ќе ве интересира: