Ќерката на Слаѓа Алегро наполни 6 години: Не сум сигурна дека познавам некој подобар од тебе

Ќерката на Слаѓа Алегро наполни 6 години: Не сум сигурна дека познавам некој подобар од тебе

Објавена во: Stars // Музика

За разлика од повеќето јавни личности, пејачката Слаѓа Алегро својата оаза на мирот ја пронајде во Обреновац, во близина на Белград, каде со години живее со сопругот Зоран и ќерката Мила

Имено овој пат таа се огласи на социјалните мрежи по повод 6-тиот роденден на ќерката, која е единица во семејството.

Објавата во целост: 

„Ги прелистувам сликите, ја барам омилената.

Не можам, секоја е иста.

Избирам зборови, не знам како да ги изберам вистинските. Сè ми е мало, сè е кратко, во споредба со она што го чувствувам за тебе.

Не сум сигурна дека познавам некој подобар од тебе.

Толку кревка и толку силна што во секунда правиш голема работа, да го стопиш сечие студено срце, да го насмееш дури и оној што не сака да се смее.

Ти си музиката, музиката што ја дишам од кога сум родена, ти си иста...

Јас сум твојата мајка, но сигурна сум дека те опишав за сите што те познаваат да те најдат овде, во овие зборови, а тие што не те знаат да посакаат да го насмееш, гушнеш, бидејќи ти си таа која лечи.

Сине мој роден, да ни бидеш среќна.

Твоите родители.“ 



Објавена во: Stars // Музика

Можеби ќе ве интересира: