Клои Кардашијан обвинета: Сега ја копира Ариана Гранде
Сестрите Кардашијан се познати по своите естетски интервенции и честопати се наоѓаат на мета на критиките, затоа што претеруваат со нив до непрепознатливост. Овие денови Клои се најде на мета и тоа обожавателите на Ариана, бидејќи нејзиниот нов изглед неодоливо потсетува на оној кој го има нивната миленичка Аријана Гранде.
Како што наведува „Insider“, Клои објавила снимки на Snapchat каде ја носела својата долга кафеава коса во коњско опавче со шишки исчешлани настрана. Клои имала и остар облик на очите, а фановите веднаш ја забележаа сличноста со Ариана Гранде, а некои отидоа дотаму што ја обвинија дека ја копира.
„Дали се обидува да ја копира Аријана Гранде?“ - стоеше во еден од коментарите, додека другиот бепе саркастичен - „Дали е тоа Аријана Гранде?“.
Некои обожаватели пак покажаа загриженост за изгледот на Клои. „Таа изгледа како другата личност на овие видеа, јас скоро и да не ја препознавав“ - рече една обожавателка, а друга додаде: „Клои отсекогаш била убава жена, но таа мора да престане со естетските зафати, јас не ја препознавам повеќе“.
Клои беше мета на критики за копирање погледи на други познати личности и претходно, па минатата година беше обвинета за копирање на Бијонсе. По тој повод, таа одговори на коментарот на еден следбеник, кој ја праша зошто изгледа толку поразлично на сите нејзини слики. Клои одговори саркастично на коментарот со изјава дека секоја недела прави нова трансплантација на лицето.