Книга на денот: „Нина и тајната на осмата нота“ од Муни Вичер
За неколку секунди сите огледала станаа жолти и црвени: меѓу високите пламени јазици се појави лицето на Волшебникот. Неговите очи беа како две игли, а насмевката му грмеше како детонација.
„Ахаха, ахаха, глупава мала вештерке. Мислеше дека ме уништи. Баш си наивна! Како можеш воопшто да помислиш да го елиминираш ѓаволот? Сега подготви се, ти дојде последниот час!”
Каркон изгледаше посилен и порешителен од кога и да е порано. Морето не го проголтало. Некое чудо го спасило. Одеднаш, од огледалата исчезна неговата слика. Полумесечината се изгаси и Нина остана во темнината. По неколку секунди, пред неа експлодираше голем пламен кој отиде до таванот. Меѓу огнените јазици беше и тој : Грофот!
„Твоето спасување е кобно. Не се удави, но јас не ти се плашам! ” викна Нина со сета сила. Бесрамно лажеше, а тоа го знаеја и двајцата.
Оваа книга може да ја најдете во книжарниците на Просветно дело.