Книга на денот: „Студенина“ од Ришел Мид
Кога љубовта и љубомората ќе се судрат на падините , зимувањето станува смртоносно..
Лиса Драгомир е моројска принцеза: смртен вампирсо исклучителна дарба да ја скроти магијата на Земјата. Таа мора да биде постојано заштитена од стригоите; безмилосни вампири кои никогаш не умираат. Роуз Хатавеј, најдобрата пријателка на Лиса, е моќна дампирка заради мешавината од човечката и вампирската крв која тече низ нејзините вени. Таа е посветена на живот исполнет со опасности, во кои треба да ја заштити Лиса од стригоите, кои се цврсто решени да ја претворат Лиса една од нив.
Роуз има сериозен проблем со момчиња. Таа е заљубена во Димитри, кој пак, се загледува во друга жена, нејзиниот пријател Мејсон е длабоко затрескан во неа. Роуз не може да излезе од менталната врска со нејзината најдобра пријателка Лиса, дури и кога Лиса е со нејзиниот дечко Кристијан.
Но , стригоите напаѓаат едно кралско семејство кое живее во близина, така што, во академијата Св. Владимир се крева паника. Академијата одлучува да ги одведе учениците на зимување во Ајдахо за да ги заштити од можната опасност. Сепак, раскошната зимска идила и луксузниот скијачки центар, само ја пркриваат привидната безбедност која се провлекува.
Кога тројца ученици бегаат за да им возвратат на убиствените стригои, Роуз мора да се здружи со Кристијан за да ги спасат нивните пријатели. Само, овој пат, Роуз- и нејзиното срце- се во уште поголема опасност.
Доколку по овој краток опис ви се појави желба да ја прочитате оваа книга, истата ќе може да ја нарачате на веб страната на Просветно дело.