Кое е момчето на кое Новак Ѓоковиќ му го подари својот рекет? Познатиот тенисер ја откри причината зошто го израдува токму него

Кое е момчето на кое Новак Ѓоковиќ му го подари својот рекет? Познатиот тенисер ја откри причината зошто го израдува токму него

По завршувањето на финалето на Ролан Гарос во кое Новак Ѓоковиќ триумфираше над Стефасон Циципас се случи една од најубавите приказни во историјата на овој турнир.

Српскиот тенисерски ас, рекетот со кој го освои 19 - тата гренд слем титула му го подари на едно момче, а тоа беше толку воодушевено што таа сцена го заобиколи светот.

Новинарите на конференцијата за медиумите го прашаа Ѓоковиќ кое е тоа момче, а познатиот новинар Кристофер Клареј со јавноста сподели што му открил Новак:

„Само што го прашав Ѓоковиќ за ова. Ми кажа дека не знае кое е момчето, но дека за време на целиот меч можел да го слушне како го бодри, дури му давал и совети. Ѓоковиќ вели дека доколку некој го заслужил тој рекет по финалето, тогаш тоа е тоа момче.“ - напиша новинарот на објавата која ја сподели на социјалните мрежи.


фото: PROFIMEDIA

Можеби ќе ве интересира: