Кога фотките кажуваат повеќе од зборови: Шокантниот тек на промените во изгледот на Кајли Џенер
Кајли пред 10 години беше слатка тинејџерка, која имаше бел тен, пеѓи на носот и по образите, тенки усни, „шилеста брада“ и мали гради, но ситуацијата значително се промени...
Американската ријалити ѕвезда и најмладата милијардерка на светот Кајли Џенер во текот на годините се промени многу, а многумина кажаа дека тоа се случило благодарение на силната шминка и филерите кои ги има вбризгано во своите усни и остатокот од лицата.
Имено, во продолжение погледнете ги фотографиите на кои се гледа како младата старлета се менуваше низ годините, а обожавателите некогаш знаат да бидат многу сурови кога ќе видат колкава промена с еима случено во овој случај.
„Што се случило со нејзината брада? Ја истругала за да ѝ биде помала?“ - гласеше прашањето на еден следбеник.
„Градите и задникот ѝ се поголеми за 3 броја“ - гласи друг коментар.
„Очигледно е дека ги правела усните, но ми изгледа дека и сѐ останато е пренагласено“ - гласи третиот коментар.
И покрај и не толку позитивните коментари, Кајли е првата жена која со 21 година стана најмладата милијардерка на светот, благодарение на својата компанија за шминка и козметика „Kylie“.
Исто така е и трета најследена личност на социјалната мрежа Инстаграм со 240 милиони следбеници, а пред неа се само пејачката Ариана Гранде со 243 милиони следбеници и на првото место е рекордерот Кристијано Роналдо со 298 милиони следбеници.
Во продолжение погледнете ја трансформацијата на Кајли:
фото: Инстаграм/Profimedia