Kога ќе прочитате кој му донираше бубрег на 11-годишното момче, ќе се расплачете: Прекрасен пример за несебична љубов

Kога ќе прочитате кој му донираше бубрег на 11-годишното момче, ќе се расплачете: Прекрасен пример за несебична љубов

Објавена во: Совети // Семејство

Наставничката донираше бубрег на момче кое се бореше со рак, а за неговата болест дознала преку е-пошта

Гевин Секстон имал само три години кога му бил дијагностициран рак на бубрегот. Едниот бубрег му бил отстранет, но туморот постојано се враќал.

Зрачењето му го оштетило и другиот бубрег, а потоа семејството Секстон испратило електронска пошта во кое бара некој да му помогне на момчето, да го донира неговиот бубрег и да му го спаси животот.

Наставничката решила да направи голем чекор

Наскоро, Ана Камино од училиштето на Гевин се јавила и му донирала бубрег, а датумот на трансплантацијата бил 22 февруари 2021 година.

Во интервју по операцијата, Гевин изјави дека е возбуден што некој од неговото училиште му донирал бубрег, а не човек од друга држава. Ана додаде дека била трогната откако го видела мејлот на семејството.

- Да беше мое дете, би сакала некој да ми се јави на ист начин - рекла таа.


Момчето се вратило на нормалниот живот

По трансплантацијата, Гевин изјави дека се чувствува многу подобро и дека сега може да се занимава со други активности кога ќе се врати од училиште, за разлика од порано кога би се чувствувал лошо по враќањето дома.

Ана изјавила дека била многу среќна кога од мајката на Гевин слушнала дека повеќе не му треба дијализа. А Гевин имаше важна порака за сите деца кои се соочуваат со истата ситуација како него: „Држете ја главата горе“.

Каков прекрасен пример за несебична љубов. Донацијата на органи е многу важна за нашето општество. Фала му на Бога за сите донатори.


Фото и Видео: Youtube

Објавена во: Совети // Семејство

Можеби ќе ве интересира: