Кога немаш време да чекаш: 7 начини како побрзо да го наполниш мобилниот телефон

Кога немаш време да чекаш: 7 начини како побрзо да го наполниш мобилниот телефон

Мали трикови кои добро ќе ти дојдат кога ќе бидеш во тесно...

Мобилниот телефон одлучува да се испразни токму тогаш кога немаме време да чекаме за да се наполни. Постојат некои трикови кои во такви ситуации може да помогнат и со нив мобилниот ќе ти се наполни побрзо.

Ова се некои од оние кои сигурно помагаат:

# Заборави на безжичните полнења - тие се многу бавни 

Безжичните полначи за мобилните телефони се најнов хит, но колку и да се „кул“, мобилниот ти го полнат многу побавно отколку да го ставиш на полнач, директно во струја. Со безжичните полначи, ќе ти треба дупло повеќе време за да го наполниш мобилниот, пишува Bright Side. Кај безжичното полнење, многу повеќе сила оди на други работи, а не само на полнењето на мобнилниот, како што е случај со стандарното полнење со обичен полнач.

# Можеби ти треба посилен полнач

Ова е можно доколку имаш постар мобилен. Со текот на времето се појавуваат посилни полначи, кои и побрзо го полнат твојот мобилен. Стандардниот 2.0 УСБ полнач е многу послаб од новите. Ако е посилен полначот и мобилниот ќе се наполни побрзо. Има смисла, нели?

# Вклучи ја опцијата „power saving“

Додека го полниш мобилниот, бидејќи тогаш ти е сеедно колкава ќе биде светлината на екранот или да ќе ти биде побавен Интернетот. Секој мобилен има опција која го овозможува овој начин на работа. Вклучи ја додека ти се полни мобилниот, нема да мораш да трошиш многу енергија на сите други работи, па со самото тоа побрзо ќе ти се наполни. Лесно е да ја исклучиш откако ќе имаш 100 проценти батерија.

# Исклучи ги апликациите кои ти ја трошат батеријата

Не можеш да ги исклучиш сите апликации, бидејќи некои всушност и не трошат батерија. Но, некои... особено кога остануваат да работат во позадина, па не си свесен што прават. Најдобро е да погледнеш во поставувањата за батеријата, што ги има секој мобилен телефон. Во опциите ќе ти ги ја даде листата на апликации кои најмногу ја трошат батеријата, па така ќе можеш да ги затвориш тие апликации.

# Исчисти го отворот во кој го ставаш полначот 

Дали некогаш ти текнало да го направиш ова? Сигурно не. Во овој мал отвор може да влезат многу работи - од прашина до влакна. И тоа може да го забави полнењето на мобилниот. Затоа понекогаш треба да се исчисти. Најлесно е чепкалка за заби, но треба да се биде внимателен за да не се уништи.

# Не оставај го мобилниот на соцне или под ќебе додека се полни 

Накратко, не го оставај никаде каде што можеш премногу да го загрееш. Секој мобилен во себе има вграден состав за контролирање на топлината, за да не се прегрее. Затоа кога ќе го оставиш мобилниот да се полни директно на сонце или под ќебе, тој ќе мора да троши енергијата на тоа да не се прегрее и истовремено побавно ќе се полни. 

# Купи нова батерија

Некогаш едноставно нема помош и единствено решение е да купиш нова батерија. Не е необично тие да ослабат, а остатокот од мобилниот да работи добро. Тогаш нема смисла да се купува нов мобилен и да се потрошат премногу пари, туку само батерија. Дали е време за промена на батеријата ќе процениш според она колку брзо се празни и колку бавно се полни. Спореди ја сегашната состојба со состојбата од пред половина година и сѐ ќе ти биде јасно.

фото: unsplash.com


Можеби ќе ве интересира: