Кога никој не очекуваше: Кајли Џенер сподели фотка во пижами и без шминка

Кога никој не очекуваше: Кајли Џенер сподели фотка во пижами и без шминка

Објавена во: Мода // Moj стил

Сопственичката на компанијата „Kylie Cosmetics“, Кајли Џенер, често ги информира своите следбеници за вечерите кои ги поминува со свотие блиски пријатели. Иако околу неа секогаш има луксуз, Кајли во вторникот се одлучи за опутена вечер, па така сподели видеа од креветот во својата вила. Во таа прилика ги воодушеви следбениците со својот природен изглед без шминка и пижами.

Ѕвездата на реалното шоу „Во чекор со Кардашијанс“, Кајли Џенер, во вторникот на себе имаше минимална шминка во низата видеа од својот кревет. Сакајќи на своите обожаватели да им покаже поблиску како изгледа кога е дома, инфлуенсерката накратко стана од креветот и се снимаше пред големото огледало. Во позади на нејзинито видео можеше да се видат огромниот телевизор и неколкуте парчиња мебел во неутрални тонови.

По краткиот приказ од близу, Кајли се врати во креветот за да поразговара со своите 227 милиони следбеници на Инстаграм за претстојното лансирање на новата линија „Kylie Cosmetics“. „Следниот месец ќе се лансира „Kylie Skin“ поради што сум многу возбудена, така што едвај чекам конечно да го најавам тоа. И едвај чекам вие да го имате овој производ во ваши раце. Бидете во тек!“ - најави ѕвездата.

Објавена во: Мода // Moj стил

Можеби ќе ве интересира: