Кога позира vs. како инаку изгледа: Таа објавува фотки кои инфлуенсерките ги кријат
Ова се фотографии кои секоја девојка треба да ги види...
Таа минута додека позира изгледа како и секој друг инфлуенсер - совршено тело, убаво, без траги од масни наслаги или стрии и целулит, но остатокот од времето, кога не позира, во секојдневниот живот, не изгледа така и сака на сите да им го даде тоа до знаење.
Пораката што ја шири оваа инфлуенсерка е една од најдобрите што можете да ги најдете на Инстаграм. Сака да покаже дека она што го гледаме не е вистинска вистина и дека телото што изгледа „совршено“ на фотографијата, во реалноста не изгледа така - затоа што сигурно инаку нема да стои во положбата во која е додека ја фотографирате. Тоа само би било чудно. И замислете, иако искрено покажува дека не е совршена, но дека изгледа како и секоја друга девојка, има еден куп следбеници.
Таа е Џорџи Кларк и сака на сите да им покаже колку се важни позите, осветлувањето, добро наместената облека и аголот од кој се фотографирате. Кога ќе пролистате низ нејзиниот Инстаграм, ќе ви биде јасно. Таа објавува фотографии каде што е подготвена да објави една фотографија што е обработена и што би ја ставила, но секогаш покрај неа става и фотографија што е направена кога се опуштила и престанала да позира или што е направена подоцна истиот ден кога некој случајно ја уловил додека не била внимателна.
Сака да испрати порака до девојките дека она што тие обично го гледаат на профилите на познатите личности и инфлуенсерие е далеку од вистината и дека треба да го сакаат своето тело дури и ако не изгледа совршено. Затоа што никој не изгледа совршено.