Кога роди тројки на 7 месеци, сопругот не беше среќен: Отиде да земе пелени и се врати кога децата беа возрасни
Вистинска приказна која ќе ве натера да размислите
Живееја во мал град, како обично семејство. И двајцата работеа, деновите им поминуваа во секојдневните активности. Тогаш се случи чудо: таа забремени. На ултразвук ги чекаше уште едно изненадување: ќе добијат тројки.
Сѐ ќе беше во ред да имаше повеќе пари, но деновите минуваа во исчекување на непознатото.
Во седмиот месец Ана почувствува породување. Дојде брза помош да ја земе, а неколку часа подоцна докторот му се јави на Ненад: „Честито, имаш тројки!
Ана беше пресреќна, конечно сите се тука - семејството е заедно. Поради некоја причина, сопругот не ја сподели таа радост. Тој се повлече во себе, гледајќи замислено во една точка.
Поминаа 20 дена откако Ана со бебињата се врати дома од породилиште. Ненад отиде да земе пелени за децата и не се врати!
Ана му се јавила на телефон, го барала со пријателите, роднините, но само дознала дека е добро... Колку и да се трудела да го допре, ја дочекал само молк.... Ана решила да занимава со децата, за Ненад не сакаше повеќе да размислува.
За децата најмногу ѝ помогнале нејзината мајка и сестра. Кога децата малку пораснаа, Ана се вработи, а децата почнаа во градинка. Кога децата наполниле 4 години, Ана донела важна одлука: се преселила од село во главниот град поради работа.
Таа беше многу вредна и со текот на времето стигна далеку на работа. Имала среќа што работела во добра фирма и со помош на државата како самохран родител успеала да купи стан со поволности. Децата тргнале на училиште, а со нив многу ѝ помогнала нејзината мајка.
Поминаа десет години откако последен пат го виде својот сопруг. Еден ден кога излегувала од компанијата го виде Ненад. Работел во компанија слична на нејзината, но додека таа била на раководна позиција тој работел како обичен менаџер.
Ненад прво се збунил, едвај ја препознал Ана, а потоа почнал да се правда зошто наеднаш си заминал.
Тој побарал да му прости и да му дозволи да ги види децата. Ана вриеше! Со неколку зборови, се сумираше сета горчина наталожена низ годините:
„Исто како што ти клечиш пред мене, јас клечев пред мојот шеф две години за да добијам слободни денови кога децата беа болни. Работев дење и ноќе за да имам доволно да ги хранам, додека ти беше којзнае каде.
Денес, кога конечно успеав да го изградам и организирам мојот живот, би сакал да ти дадам место во него?!? Па, не може!
И кога ќе пораснат децата сами ќе одлучат дали ќе комуницираат со тебе или не, но не очекувај поддршка од мене!“
Не знаеше дали се покајал, дали му е криво што така постапил, во секој случај, никогаш повеќе не слушнал ништо за него. Таа реши да им каже сѐ на децата, за подоцна самите да одлучат дали сакаат да бидат во контакт со таков маж!
Извор: stil.kurir.rs