Кои се и што всушност работат инфлуенсерките: Една од нив објасни сѐ

Кои се и што всушност работат инфлуенсерките: Една од нив објасни сѐ

Објавена во: Stars // YouTube ѕвезди

Гостувањето на хрватската инфлуенсерка Соња Ковач, во РТЛ Директ, можеби го промени мислењето на луѓето.

По „скандалот“ кој предизвика лавина коментари на социјалните мрежи поврзани со јутјуберката Дорис Станковиќ, приказната продолжува понатаму. Имено, Дорис бараше од еден ресторан компензација, односно бесплатен ручек од страна на ресторанот, додека таа за возврат им понуди бесплатна реклама и означување на својот Инстаграм профил. Меѓутоа, ресторанот реагираше и повеќе од бурно и ја одби нејзината понуда, а Дорис на сето тоа реагираше така што „скриншотовите“ од разговорот и своето незадоволството ги сподели со своите следбеници на ТикТок. Во чекор со тоа, темата за тоа дали инфлуенсерите се навистина „безделничари“ се разговараше и во РТЛ Директ, каде што гостуваше успешната и светски познатата хрватска инфлуенсерка Соња Ковач.


Соња на почетокот на интервјуто нагласи што всушност значи да се биде инфлуенсер, односно дигитален претприемач: „Дигитален претприемач е личност која создава креативни содржини кои на одреден начин преку одредена нишка ги пласира на социјалните мрежи. Одредената нишка на пример е патување, мода или козметика“. Без оглед на наведената дефиниција која им е јавно достапна на сите, голем број луѓе и понатаму не сфаќаат за каков вид на професија станува збор: „Во сето тоа има повеќе фактори, еден е генерацискиот јаз, тука е и недоволната информираност, бидејќи полесно е да се мрази кога не знаеш за што станува збор. Луѓето сакаат да знаат дали тоа е легална работа и дали се плаќаат даноци. На луѓето им е многу тешко да сгфатат дека само една личност стои зад сето тоа и дека една личност завршува толку многу работа“ - го изјасни своето мислење за проблематичното општество, поради кое доаѓа поради незнаењето и неинформираноста кога станува збор за некој нов вид на професии кои се создадени на темелот на дигиталните медиуми и нови технологии.


Објасни дека редовно плаќа данок, но не постојат секогаш соработки со брендови или агенции, така што многуте трошоци, вклучувајќи ги и даноците се на товар на самите инфлуенсери: „Некогаш мора да бидеш туристички водиш самиот на себе, сите патувања, сите авионски билети и целата сценографија. Многу мора да се вложи во опремата со која сакаш да снимаш и фотографираш, а освен креативноста, тука е деловниот дел. Вие навистина мора да знаете сè за вашата деловна активност.“ - рече таа.

На крајот нагласи дека не се навредува на коментарите на луѓето кои оваа професија ја нарекуваат „безделничење“, бидејќи како што вели самата: „Живееме во свет каде секој има право да го каже своето мислење. Може да следите некој кој ви се допаѓа или да не го следите. Јас не му замерувам на никој“ - се надополни.


Објавена во: Stars // YouTube ѕвезди

Можеби ќе ве интересира: