Кој би имал срце да не ѝ дозволи да положи? Студентка по математика од Белград ги насмеа сите, а на својот професор му остави важна порака

Кој би имал срце да не ѝ дозволи да положи? Студентка по математика од Белград ги насмеа сите, а на својот професор му остави важна порака

Објавена во: Совети // School zone

Кога потешко ќе оди решавањето на равенките и параболите, важно е да се биде духовит, можеби една смешна песна ќе биде вашиот билет за спас...

Студентка по математика од Белград на задната страна од тестот за колеквиумот напиша „песна“ на својот професор, како ветување дека следниот пат ќе го реши подобро, а дека сега се брза за на слава.

Нејзиниот професор на својот Инстаграм профил напишал „Моите студенти“ и додал емотикон кој се смее и ја споделил песната на стори.

Студентката на шеговит начин и во стиховите му оставила порака на својот професор деа следниот пат ќе го реши подобро колоквиумот и со тоа сите слатко ги насмеа.

„Се потрудив колку - толку, подобро ќе ги научам параболата и равенките на правата. Брзам да се качам на автобус, да се подготвам и да одам на слава.  И јас го славам Свети Никола, затоа во вторник нема да се појавам. Следниот колоквиум ќе го решам малку подобро, во петок ќе донесам баклава и колач од славата.“ 

Ние слатко се насмеавме на песната на оваа студентка по математика и секако на нејзината креативност.

А, дали вие би ѝ дозволиле да го помине колоквиумот?

фото: Принтскрин / Инстаграм

Објавена во: Совети // School zone

Можеби ќе ве интересира: