Кој чека ќе дочека: Кајли Џенер и Тревис Скот сè уште чекаат законски да го сменат името на синот (ВИДЕО)
Името на синот на Кајли Џенер и Тревис Скот останува една од најголемите мистерии оваа година. Реалити ѕвездата рече дека таа и Тревис чекаат законски да го сменат името на нивниот син, односно тој повеќе да не се вика Волф Вебстер.
„Ние официјално не сме го промениле името“, рече Кајли во емисијата „Late Late Show“. „Значи, неговото име сè уште е Волф. Во неговиот пасош пишува Волф, но тоа нема да биде неговото име. Само чекаме.“
Меѓутоа, кога водителот Џејмс Кордрен ја праша Кајли како се вика нејзиниот син, ријалити ѕвездата повторно не откри, додавајќи дека Тревис малку се двоумел околу изборот на име за нивниот син.
„Сè уште не е официјално, веројатно ќе го смениме до…“, продолжи Кајли, пред нејзината мајка Крис да додаде: „Додека да наполни 21 година.“
Откако ријалити ѕвездата и раперот објавија дека нивниот син сепак нема да се вика Волф, не го открија второто име што му го дале на своето дете.
ВИДЕО:
извор:фамоза