Кој член од поранешната група „One Direction“ е најпопуларен денес, а кој има најмалку обожаватели?

Кој член од поранешната група „One Direction“ е најпопуларен денес, а кој има најмалку обожаватели?

Објавена во: Stars // Музика

Иако „One Direction“ повеќе не постои, обожавателите сѐ уште сонуваат за денот кога повторно ќе се обединат...

Распаѓањето на „One Direction“ ги скрши срцата на девојките, но само на кратко, бидејќи момците се вратија, само што секој од нив започна своја соло кариера. Секој продолжи да го следи својот омилен член, а еве кој од нив е најпопуларен денес.

Откако се појавија на натпреварувањето „Х-Фактор“, успеаја да постигнат светска популарност и да завладеат со музичката сцена, но потоа ги изненадија сите и полека почнаа да се распаќаат. Во 2015 година најпрво ги напушти Зејн, а потоа една година подоцна сите одлучија да започнат свои соло проекти. Денес секој од нив има своја кариера, во различни насоки, а на некои поради тоа им се зголеми популарноста, додека други повеќе не се ни половина популарни како претходно. „Just Jared Jr.“ направи листа на популарност по тоа колкава им е моменталната заработка и колку хитови имале од почетокот на соло кариерите.

# Луис Томлинсон

На последно место, како најмалку популарен е Луис. Иако имаше неколку хитови кои станаа големи, тоа беше тоа, сега ретко може да се слушне за него. 


# Најл Хоран

Тука некаде е и Најл. Тој по распаѓањето тргна силно со два успешни албуми, но освен главните синглови кои станаа хитови, некако како луѓето со текот на времето да заборавија на него.


# Лиам Пејн 

Лиам едно време беше популарен по својот љубовен живот, отколку по музиката, но успеа подобро да се истакне во светот на музиката, отколку останатите двајца поранешни членови, кои остана зад него на оваа листа. Златна средина.


# Зејн Малик

Зејн, кој прв ја напушти групата, имаше добра причина за тоа. Откако ја започна соло кариерата како да му тргна уште подобро. Многу обожаватели продолжија да го слушаат и да ја следат неговата музика и по распаѓањето на групата, а денес за жал е популарен по скандалите отколку по музиката.


# Хари Стајлс

И секако, на прво место е Хари. На него распаѓањето на „One Direction“ му донесе најмногу корист. Соло кариерата му помогна малку да ја промени музиката која ја создава и изгледа дека го погоди вистинскиот правец и од тогаш, собира само повеќе обожаватели отколку што имаше кога беше дел од групата.


Објавена во: Stars // Музика

Можеби ќе ве интересира: