Кој е атрактивниот Марко кој ќе пее во финалето на Евровизија? Има 35 години, два милиони следбеници, а жените едвај чекаат да го видат!
Марко Менгони вечерва во финалето на Евровизија ќе ја
претставува Италија, земја членка на „Големата петорка“, а доаѓа од Милано и е
многу популарен.
Вечерва е финалето на Евровизија. Во Ливерпул вечерва ќе се натпреваруваат вкупно 26 земји, меѓу кои и земјите од „големата петорка“ кои секоја година одат директно во финалето - Шпанија, Франција, Велика Британија, Германија и Италија.
Згодниот Марко Менгони (35) го освои Санремо со песната „Due Vite“ и оваа година ја претставува Италија на Евровизија, а овој пејач веќе има богата кариера зад себе и е многу популарен и омилен меѓу жените во својата земја.
Според евровизиските обложувалници, со песната „Due Vite“ бил меѓу најголемите фаворити, иако по Санремо изјави дека не одлучил со која песна ќе настапи. Многумина веруваат дека тој ќе ја избере токму оваа и очекуваат дека вечерва ќе има забележителен настап.
Марко веќе има искуство со Евровизија, бидејќи ја претставуваше Италија во Шведска во 2013 година, кога го освои седмото место. Тој победи на италијанскиот X Factor во 2009 година, а во 2010 година MTV го прогласи за најдобар европски изведувач. Досега има продадено речиси три милиони носачи на звук, а малку се знае за приватниот живот на мистериозниот Италијанец, но го следат гласини дека е во врска со италијанскиот рапер Алесандро Махмуд, за што тој никогаш не коментирал. На социјалните мрежи го следат повеќе од два милиони фанови.
Роден е во 1988 година во градот Ронсиљоне во провинцијата Лацио. За време на студиите се заинтересирал за музика и почнал да пее по кафеани и на свадби. По Рим, каде што се запишал во музичко училиште и во училиште за странски јазици, се преселил во Милано, каде што живее денес. Тој се бори со многу деликатна болест - дисморфија.
Фото: Инстаграм