Кој е вереникот на Лејди Гага?
Лејди Гага потврди дека се вери со Кристијан Карино на манифестацијата „Жените во Холивуд“ во Лос Анџелес, со заблагодарување на „мојот свршеник Кристијан" за време на нејзиниот говор.
1. Кој е вереникот на Лејди Гага?
Станува збор за ловец на талетни, односно агент на многу познати светски ѕвезди.
2. Колку е постар од нејзе?
Кристијан Карино има 48 години. Лејди Гага има 31 година. Нивната разлика е 17 години, што и не е нешто многу. Иако двајцата доаѓаат од две различни генерации, нивната врска изгледа навистина цврсто. Лејди Гага кажа дека Кристијан е нејзината сродна душа. Тој пак постојано го преплавува својот Инстаграм профил со нејзини фотки и романтични коментари за неговата вереница. Во многу наврати напишал дека е љубовта на неговиот живот, неговиот дом и некој многу специјален за него.
3. Тој има тетоважа од лицето на Лејди Гага на неговата рака
Неговата љубов ја докажува и со огромната тетоважа на Лејди Гага на неговата рака. Станува збор за еден портрет од настап на пејачката кој изгледа навистина уникатно.
4. Ова не е прва љубовна врска со познат лик за агентот
Озборувањата велат дека ова не е прва јавна врска за познатиот агент, но дека претходно бил во љубовна романса со актерката Лаурен Коан од „The Walking Dead„ во 2016-тата година. Секако ова не е прва таква врска ни за Лејди Гага, која претходно имаше пет годишна врска со Тејлор Кини.
5. Неговиот стил е сосема едноставен за разлика од нејзиниот
Гага е позната по своите контроверзни модни избори со кои секогаш го оставала светот без коментар. Од фустанот со месо до нежниот розов каубојски шешир за нејзиниот албум „Joanne“. Нејзиниот вереник во многу наврати покажал дека има сосема едоставен стил. Често се појавува во црни или сиви комбинации, и е автентичен на самиот себе.
6. Нема да верувате кои ѕвезди ги направил познати
Кристијан е ловец на таленти во „Creative Artists Agency“ и работи со големи светски имиња. Во неговите клиенти се вбројуваат Маргот Роби, Џони Деп, Емилија Кларк, Зек Ефрон, Кели Кларксон, Бритни Спирс, Уан Дирекшн и Џастин Бибер. Тој исто така ја претставува и Лејди Гага, што е всушност начинот на кој двајцата се запознале. Врската ја започнале во јануари, 2017-та година.
7. Ја запросил Лејди Гага на традиционален начин
Лејди Гага не е традиционална на ниту еден начин, без разлика на тоа што доаѓа од традиционално италијанско семејство. Но екцентричноста на ѕвездата не го спречи нејзиниот вереник да приреди традиционален и прилично убав предлог за брак. Прво, Карино разговарал со таткото на поп-ѕвездата, Џо Гермамота, да побара од него дозвола пред да предложи брак на неговата ќерка. Ја запросил со голем розов дијаматски прстен кој Гага го носи на својата рака. Станува збор за бледо розова боја на дијамант во центарот опкружен со круг на мали бели дијаманти, создавајќи вид на цветен ефект. Дали тоа значи дека и свадбата ќе биде и традиционална?
8. Тој ги поддржува здравствените проблеми на Гага
Лејди Гага страда од фибромијалгија, нарушување кое предизвикува хронична болка, а Карино е од нејзината страна цело време. Таа се отворила за нејзината хронична болка во минатото, но Гага ја потврди нејзината дијагноза со твитот од септември 2017-та година. Еден извор во март 2018-та година раскажа: „Кристијан неверојатно го поддржува нејзиното здравствено прашање. Тие трошат многу време заедно. Таа се уште е во болка и мора да откаже повеќе настани, но тој не е ништо друго освен поддршка". Таа го откажа последниот дел од нејзината европска турнеја поради силната болка.
Гага, исто така, го пофали Карино, откривајќи дека нејзиното момче ја проверувало нејзината безбедност. Таа објаснила: „Кога отидов зад сцената, Кристијан беше на скалите, само за да знае дали е се во ред. Најдоброто нешто за љубовта со некој е да имаш некој што ќе те фати ако паднеш".