Кој како се расправа: Лавот се извлекува на шарм, Скорпијата е опасна!

Кој како се расправа: Лавот се извлекува на шарм, Скорпијата е опасна!

Меркур во вашиот знак влијае на тоа како се однесувате кога на другите сакате да им докажете дека сте во право и на тоа како се расправате. YourTango пишува за тоа дали твојот хорскопски знак е тврдоглав и не се откажува додека не ја докаже поентата или се откажува на првата препрека.

ОВЕН – не бира зборови. Реагираат бурно во истиот момент. Изразите сами излегуваат од него и е незапирлив. Тој знае да биде многу тврдоглав, дури до граница на детинесто однесување и не сака да признае пораз. Но, кога еднаш ќе научи да ги контролираат своите мисли и зборови, расправијата со него ќе стане вистински предизвик.

БИК – знае да биде многу огорчен кога не победува во расправијата. Може да се расправа со часови и не се плаши од никакви аргументи. Меѓутоа, знае да се заплетка во сопствените мисли па на крајот од расправијата да отиде во погрешен правец. Зрелиот Бик знае да прифати пораз, кога не е во право и да го согледа проблемот од различни перпективи.

БЛИЗНАЦИ – се во неговиот ум е сихронизирано, па неговите мисли произведуваат остри зборови како бодежи. Благословен е со способност да одгвори на секој аргумент и затоа многу лесно се впушта во расправија. Колку е предметот покомплициран, толку Близнакот е позагреан да го прифати предизвикот. Некогаш знае да ги преувеличува работите, доколку почувствува дека губи контрола.

РАК – својата дебатска вештина ја има стекнато учејќи од своите родители. Ракот е склон кон анализирање и реагира само тогаш кога е сигурен во себе. Неговото размислување е традиционално и секој чекор му е испланиран. Многу е грижлив, трпелив, интелегентен и добро начитан. Дури и во најголемата кавга изгледа смирено и „кул“.

ЛАВ – се решава со својот шарм. Доминира со својата појава, а покрај тоа знае и што треба да каже. Многу му е тешко да одолее и затоа не му треба многу време да ја докаже својата поента. Има способност и најголемиот непријател да го претвори во пријател со својата харизма.

ДЕВИЦА – во кавга изгледа безчувствително. Трага по факти и нема толеранција за лаги и скриени вистини. Исто така не толерира глупости. Доколку се расправаш со Девица, подготви се, бидејќи ако пронајде недостаток во твојот аргумент, „ќе те изеде“.

ВАГА – смирена е и сака компромис, но сака и многу да трага по вистината и одговорите. Вагата е природен дипломат, врвен адвокат па ретко ја губи својата контрола, дури и кога ќе другата страна ќе нападне. Кај неа нема агресија, а нејзиниот глас во расправија е дури мелодичен.

СКОРПИЈА – таа е вистински детектив. Ништо не може да помине покрај Скорпијата без проверка. Скорпијата сама истражува. Ќе дознае се што може и ќе го наполни својот моќен ум. Таа е неуморна. Нема трпение за глупости и лаги. Секогаш е неколку чекори пред вас, затоа внимајте.

 СТРЕЛЕЦ – тој е вистински филозоф. Сака да има се под контрола и ништо не може да му побегне. Ужива во дебатирањето и секогаш е подготвен за предизвик. За време на расправија кај него може да се забележи агресивност и може да му недостасува дискреција, особено доколку е страствен за нешто. Тешко се откажува од своите принципи, па дури и да сфати дека греши.

ЈАРЕЦ – тој е прав авторитет. Роден е како бизнисмен и тој секогаш ќе го користи тоа. Овој знак не бара дозвола, само бара почитување. Доколку е соочен со некој кој нема такт, веднаш ќе го „спишти на земја“. Јарецот се истакнува во истражувањето на своите мисли и на јасен и гласен начин.

ВОДОЛИЈА – сака да посматра и да гледа како ќе се одвиваат работите. Но, поради тоа што е бунтовник па дури и во расправиите, против него тешко ќе се изборите. Другите би можеле да бидат збунети од тоа што има да каже, но Водолијата би можела баш тоа да ја заинтригира. Многу тежок противник е доколку има аргументи во кои е 100% сигурна.

РИБИ – вистински сонувач со бујна фантазија. Би можеле да ви дадат изменета верзија на фактите или би можеле јасно да лажат. Рибите знаат толку да украсуваат, преувеличуваат и да ги преобликуваат приказните како ниту еден друг знак. Гордо ќе го изнесат својот став, но ќе се откажат доколку некој ги побие. 


Можеби ќе ве интересира: