Кој месец во 2019-та не е поволен за вашиот хороскопски знак?

Кој месец во 2019-та не е поволен за вашиот хороскопски знак?

Понекогаш, без разлика на тоа колку се обидуваме да ги избегнуваме несаканите ситуации, ѕвездите ни наметнуваат проблеми и лоши фази. Дознајте кој месец во годината ќе биде тежок за вас и бидете подготвени да се соочите со потешкотиите. 

Овен - Јуни најверојатно ќе биде тежок месец за овој знак, мора да си посветите време на себе и грижата за свое здравје. 

Бик - Ноемви е месец кога ќе имате доста пресврти и промени,  мора да останете трпеливи и да ги почекате промените кои ќе го направат своето. 

Близнаци - Во февруари ќе биде загрозена вашата љубов и партнерство. Може да дојде до потенцијални неразбирања, но тоа ќе заврши до крајот на месецот. 

Рак - За Раковите март ќе биде тежок месец. Мора да посветите внимание на комуникацијата, да забавите и директно да зборувате за своите проблеми.

Лав - За Лавот, август-како роденденски месец ќе биде тешок бидејќи е ретрограден период. Избегнувајте недоразбирања со најблиските. 

Девица - Декември ќе биде тешка фаза за Девиците. Може да очекуваат дека ќе дојде до судири во нивниот личен и професионален живот. Дишете длабоко и со големи промени ќе ги остварите плановите. 

Вага - Јануари и почеток на февруари е најпредизвикувачки период за вас. Вашето здравје може да биде загрозено, па треба да одите на лекар и да посветите време на себеси.

Скорпија - Јули можеби ќе биде тешко време за Скорпиите, бидејќи имаат тенденција да се почувствуваат малку почувствителни од вообичаено. Има шанси да се соочите со спомени од минатото кои нема да бидат пријатни. 

Стрелец - Април е месец за исправување на грешките. Колку порано превземете одговорност за своите грешки, подобро ќе биде во иднина. Но ова ќе биде тешка фаза за вас. 

Јарец - Март е месец кој создава одреден хаос кога е во прашање вашето здравје, така што ако се соочувате во тој момент со било какви здравствени прашања, мора да се грижите за тоа. 

Водолија - Јули е месец во кој ќе се чувствувате како некој го тестира вашето здравје и љубовен живот. Иако оваа година е генерално период добар за Водолиите, овој месец би можеле да се чувствувате како да сте сами на светот. 

Риби - Март е месец кој би можел да доведе до некое сериозно преоптеретување. Мора да си посветите внимание себеси, обидете се да бидете смирени, бидејќи работите може да се влошат.


Можеби ќе ве интересира: