Кој подобро се бакнува - Џон или Питер? Лана Кондор проба да одговри на ова прашање
Дали веќе го изгледавте продолжението на „To All The Boys I've Loved Bedore“?
Кога пред две години излезе филмот „To All The Boys I've Loved Before“ сите се заљубија во него, а вчера конечно дојде и долгоочекуваното продолжение, „To All the Boys: P.S. I Still Love You“.
Во новото продолжение на овој романтичен филм Лара Џин се најде пред тежок избор. Иако беше во среќна врска со своето ново момче, одеднаш се појави уште еден нејзин симпатија, од основно училиште - Џон Амброс. И тој е еден од оние момчиња кој прими љубовно писмо, а во ова ново продолжение на тоа писмо конечно и одговори, правејќи и хаос во главата. Лара никако не може да се одлучи дали Питер Кивински е нејзиното совршено момче или тоа е можеби Џон Амброс. Нема да ти откриеме кого одбра, за тоа ќе мора да го изгледаш филмот, но помеѓу тие двајца мораше избере и Лана Кондор во едно неодамнешно интервју. Кога гостуваше на радиото SiriusXM's Hits, доби прашање - кој се бакнува подобро, Ноа Сентинео (Питер) или Џордан Фишер (Џон).
Проба да одбере давајќи конкретен одговор, но сепак откри некои пикантерии. „Повеќе се бакнував со Ноа. Џордан има поубави усни“ - рече таа. Исто така додаде усните на Џордан се подобри, бидејќи се големи и меки. Иако ги искоментира неговите усни и очигледно е дека тој и е фаворит, призна дека сепак не може да одлучи кој подобро се бакнува.