Која боја на коса ќе биде ИН кога ќе заврши летото?
Иако летото е на средина и веројатно се уште не размислуваш за бојата на коса која би можела да се носи оваа есен, можеби по оваа статија ќе почнеш да размислуваш за оваа промена, бидејќи за трендовите кои ќе бидат ИН откако летото ќе заврши веќе наголемо се зборува.
Бојата на коа својствена за летото вклучува светли тонови потполнети со благи локни, но она што ни носи есенско - зимскиот тренд е нешто сосема поинаку.
Имено, бојата на коса позната под називот „ладно кафе“ е темно кафена или црна коса со отсјај од мехагони, каде најмногу до израз доаѓаат пармените со костенкаста и карамел нијанса.
Овој тренд веќе имавме можност да го видиме на социјалните мрежи, но својот официјален назив го доби неодамна, а му го даде познатата фризерка од Њујорк, Кимберли Бонондона.
Доколку се одлучиш за оваа боја, имај на ум дека станува збор за боја која бара одржување на сјај, па така редовните маски за бојадисана коса и шампон за сјај треба да бидат неизоставен дел од твојата колекција на препарати за нега на коса.