Која е најлошата лага што сте им ја кажале на родителите во младоста: Одговорите се хит!
Четиригодишните деца лажат, во просек, на секои два часа
Научниците велат дека е вообичаено децата да лажат. По спроведеното истражување, откриено е дека 96 отсто од малите деца во одреден момент лажат.
Четиригодишните лажат во просек на секои два часа, а шестгодишните лажат во просек секој час.
Ги прашавме нашите читатели која е најлошата лага што ја кажале на своите родители во младоста. Ова беа дел од одговорите:
- Не, не паднав од моторот, се удрив и скинав мускул.
- Држев цигара, но беше од Маја.
- Денеска нема родителска.
- Испивме само по една пијачка.
- Не ја фарбав косата, од шампонот е.
- Одевме на Златибор и немавме доволно пари, а јас ги убедив дека ми требаат за моето здравје, а тие ги продадоа прасињата за да одам на Златибор. Подоцна ми беше жал, дури кога се омажив им кажав, а тие се насмевнаа: „Знаеме...“
Видете ги и другите одговори:
Извор: espreso.rs