Која позната личност најмногу заботува на Инстаграм? Кајли Џенер - кралицата на социјалната мрежа е на 4-тото место
Еве кој се најде пред неа и заработува повеќе за една објава...
Замисли за една објава на Инстаграм да добиеш по неколку милиони денари? Тие тоа го можат. Овие познати личности и инфлуенсери имаат најголема корист од Инстаграм. За само една објава заработуваат толку пари колку што ти најверојатно нема да заработиш за целиот живот.
Социјалните мрежи се добар бизнис, особено ако си на самиот врв на популарноста. Инфлуенсерите добиваат ограмни суми на пари, толкави што социјалните мрежи може да им бидат единствен извор за приход. Изгледа лесно - да објавуваш фотографии и толку, но сите кои сериозно се занимаваат со оваа работа, знаат дека тоа сепак не е баш само толку лесно како што им изгледа на другите.
Познатите личности имаат предност, бидејќи се веќе познати и со самото тоа добиваат голем број на следбеници. За нив активноста на Инстаграм е многу корисна, бидејќи само со тоа може да заработат многу пари. И тоа за само една објава. Порталот „Hopper HQ“ објави листа на профили на познатите личности кои заработуваат најмногу за една објава на оваа социјална мрежа. Еве кои се вброија во топ 10 и кој е на првото место како личност која заработува најмногу и колку:
# Кендал Џенер - 1.053.000 долари за една објава
# Џастин Бибер - 1.112.000 долари за една објава
# Бејонсе - 1.147.000 долари за една објава
# Лионел Меси - 1.169.000 долари за една објава
# Ким Кардашијан - 1.419.000 долари за една објава
# Селена Гомез - 1.468.000 долари за една објава
# Кајли Џенер - 1.494.000 долари за една објава
# Ариана Гранде - 1.510.000 долари за една објава
# Двејн Џонсон - 1.523.000 долари за една објава
# Кристијано Роналдо - 1.604.000 долари за една објава
фото: Принтскрин / Инстаграм