Која професија најмногу ви одговара според хороскопскиот знак?

Која професија најмногу ви одговара според хороскопскиот знак?

Секој хороскопски знак според своите особини и карактеристики има предиспозиција за решавање на проблемите на свој начин. Која тактика ви одговара и која е идеалната работа, прочитајте во текстот. 

Овен Овенот може да биде збунувачки знак, бидејќи постојат заеднички машки и женски комбинации на изразување. Поради машката енергија која го окружува, жените родени под знакот на овен се авантуристи, независни, доминантни и имаат натпреварувачка природа. Клучни особини: ентузијазам, креативност, топлина. Најдобра работа: претприемач, продажба, филм/ТВ, брокер, спасувач, војник. 

Бик Бикот ја сака безбедноста и стабилноста, и не сака непредвидливи работи. Тие се знаци со исклучително сензуална способност да се што гледаат, допираат или мирисаат им остава посебен впечаток. Клучни особини: одлучност, лојалност, тврдоглавост. Најдобра работа: инжинер, програмер, техничар, административен асистент. 

Близнаци Името на овој знак потполно одговара на неговите карактеристики-двојност и разновидност. Клучни особини: досетливост, интелигенција, прилагодливост. Најдобра работа: медиуми, огласување, маркетинг, новинар, доставувач, шофер. 

Рак Иако тоа не сакаат да го покажат, раковите сакаат да им се посветува посебно внимание и покажуваат малку страст. Клучни особини: внимателност, интуитивност, креативност, издржливост. Најдобра работа: недвижности, дизајнер на интериери, психолози, учители, терапевти 

Лав Карактеристично однесување и држење на телото лесно можат да ги издадат луѓето родени во знакот на Лав. Клучни особини: доверливост, амбициозност, креативност, великодушност, доминација. Најдобра работа: претприемач, политичар, односи со јавност. 

Девица Нивната грижа за најситните детали толку ги оптеретува што тешко наоѓаат разбирање кон некој нов. Нивниот живот се одвива исклучително во познато време и простор. Имагинацијата и сентименталноста ја сметаат за луксуз. Клучни особини: ориентираност кон детали, аналитичност, ефикасност Најдобра работа: уредник, сметководител, механички инжинеринг, графички дизајнер. 

Вага Имаат добра природа и пријатни се, но истовремено не сакаат кон нив да се однесуваат заповеднички. Можат да зборуваат многу, истовремено се и добри слушатели. Неуморни се и ретко се согласуваат да завршат некоја работа на брзина. Клучни особини: умешност за преговарање, уметнички дух, интелигенција, неодлучност. Најдобра работа: архитект, дизајнер, правник, советник, уметник.

Шкорпија Шкорпиите се длабоко чувствителни личности. Единствените недоразбирања со нив настануваат поради тоа што се тие секогаш спремни на борба. Клучни особини: динамичност, креативност, снаодливост. Најдобра работа: психолог, дизајнер, правник, хуманитарни и добротворни огранизации. 

Стрелец Стрелецот лесно се препознава по однесувањето. Типичниот Стрелец ги сака предизвиците во бизнисот, спортот или хобито. Клучни особини: филозофи, оптимистични, директни. Најдобра работа: претприемач, пилот, спортист, полицаец, стјуардеса. 

Јарец Јарецот постојано и упорно оди напред, со цврста вера во оправданоста на неговата патека. Тие се независни, ретко веруваат на другите и сакаат да работат сами. Клучни особини: амбициозност, снаодливост, трпеливост, авторитет. Најдобра работа: финансии, менаџмент, лекар, тренер. 

Водолија Водолијата е независна и слободољубива личност која им верува на другарите и има безгранична омраза кон измамниците и неискрените луѓе. Клучни особини: аналитичност, интелигенција, инвентивност, упорност, тврдоглавост. Најдобра работа: ветеринар, научник, инжинер. 

РибиРибите во себе имаат логика за расудување, а сепак на крајот секогаш победуваат чувствата. Клучни особини: сочуствителни, интуитивност, флексибилност, мистериозност. Најдобра работа: уметник, дизајнер, психолог, добротворни организации.

Можеби ќе ве интересира: