Колку често треба да ја менуваш четкичката за заби?

Колку често треба да ја менуваш четкичката за заби?

Можеби не го правиш доволно често...

Дури и доколку ги миеш забите два пати на ден, користиш вода за плалнење, дури и конец – и сметаш дека си најдобар по прашањето за хигиената на забите, постои голема можност со четкичката за заби во устата да внесуваш еден тон бактерии.

Да, бактериите се лепат, особено доколку четкичката стои на отворено, собира многу голем број на бактерии, а дури ни пастата за заби не може да ги „убие“. „Четкичката за заби е супер справа за внесување на бактериите во уста, иако додека ја миеш отстрануваш голем број од нив. Некои бактерии остануваат и понатаму на четкичката поради која е важно менувањето на четкичката за заби и тоа неколку пати годишно“ – објаснува стоматологот Jeffery Sulitzer.

„Мојот предлог е четкичката да ја менувате на секои три месеци. Освен тоа што по тој период таа станува место каде што бактериите се собираат, станува и нефункционална бидејќи се витка и се губи формата. А, тогаш повеќе не ни ги чисти забите на правел начин“ – додава тој. 

Можеби ќе ве интересира: