Колку килограми кармин за усни јадат девојките за време на животот?
Не е шега, навистина јадеме многу кармин за усни во текот на животот.
Мњам, мњам! Нема да земеш кармин за усни и да гризнеш парче, но сеедно во текот на твојот живот добра количина од него завршува во твојот организам. Не е чудно тоа да се случи, но количината за која станува збор сепак не е нешто што било кој од нас очекува да го слушне.
Еден од најштетните мејкап производи кои може да се најдат во твојот организам е - карминот за усни. Произведувачите на шминка постојано нагласуваат дека се трудат да го намалат металот во тие производи, но и тој и понатаму е тука. Количината на метал, конзерванси и вештачки бои во кармините не смеат да го загрозуваат здравјето. Анализата за кармини кои ја направи ХРТ покажа дека количината на олово во нив не е надвор од дозволените граници, пишува magazin.hrt.hr. Овие анализи се обработени поради податоците за тоа колку килограми кармин, девојките јадат во текот на својот живот. Станува збор за тежина до 4 до 6 килограми.
Иако ова не делува дека е многу, кога ќе се сетиш дека е во прашање кармин за усни, малку е дискутабилно. Зависно од составот на карминот, голем број жени дневно во организмот внесуваат околу 15 микрограми олово. Квалитетот не е поврзан со цената. Студиите покажале, како и анализата на ХРТ, дека ефтините кармини не мора во својот состав да имаат повисока концентрација на олово и други штетни состојки, пишува magazin.hrt.hr.