Колку оброци на ден треба да јадеме за да бидеме витки и здрави!

Колку оброци на ден треба да јадеме за да бидеме витки и здрави!

5 оброци не е оптимален број до кој треба да „држат“ луѓето. Бројот се одредува според генетските предиспозиции, физичките активности кои ги има поединецот и секако здравствената состојба.

Најдобро е да се јаде кога претходниот оброк веќе делумно ќе биде сварен, односно кога ќе бидеме сигурни дека не се наоѓа во желудникот и веќе е на пат низ тенкото црево - тоа се од 1,5 до 3 часа, зависно од храната - советува Ирена Швенда магистер по нутриционизам, од Центарот за нутриционизам во Адхара.

Бројот на оброци зависи од поединецот, неговите генетски предиспозиции, здравствената состојба на организмот и физичката активност со која се занимава.

„Можеме да кажеме дека тој одговор варира од минимално два до максимално шест оброци. Доколку се држиме до правилото 5 оброци дневно, тогаш за здрав организам значи дека тоа се два мали (овошни) оброци, а останатите три се лесни за организмот да може да разгради храната од претходниот оброк“ - објаснува нутриционистот.

„На пример личноста која го прескокнува појадокот, пие кафе на празен желудник, а главниот оброк го јаде околу 15 часот. Епа таа личност има големи предиспозиции за да и се појави проблем со желудникот и цревата. Доколку сте активни 12 часа, тогаш првиот и последниот оброк се јадат дома, а двата главни надвор од дома“ - истакнува таа.

Исхраната зависи и од метаболизмот.

„Луѓето кои наутро чувствуваат глас секако треба да појадуваат и на време да ги имаат трите главни оброци. Од друга страна, луѓето кои не чувствуваат глад наутро, не треба да јадат вистински појадок, туку само да испијат топол чај, сок или некое овошје“ - заклучува нутриционистот.


Извор: 24sata.hr

Можеби ќе ве интересира: