Колку пати на ден треба да ги миеме рацете за да ја налиме можноста од заразата коронавирус?
И врапчињата на гранките знаат дека миењето раце е најважниот дел од заштитата од вирусот, но многумина се прашуваат колку точно пати треба да се мијат во текот на еден ден...
Иако дојде до опуштање на мерките и слабеење на коронавирусот, тоа не значи дека повеќе не треба да се одржуваме хигиената на највисоко ниво.
Миењето на рацете повеќе од 10 пати на ден за третина ја намалува можноста од заразата коронавирус, пренесува DailyMail.
Истражувачите од универзитетот во Лондон велат дека уште еднаш е утврдено дека обичните активности може да не спасат од смртоносната инфекција.
Студијата, спроведена во текот на три зимски сезони, опфати повеќе од 1.600 Британци, а истражувачите сакаа да откријат колку често разболуваат од обични настинки, што е исто така предизвикано од други видови на коронавирус.
Учесниците ги означувале своите мерки на хигиена како ниски, средни и високи.
Оние кои имале среден степен на хигиена - ги миеле рацете од 6 до 10 пати на ден, а имале 36% помал ризик од разболување во споредба со оние кои тоа го правеле 5 пати на ден.
„Колку често ги миеме рацете е само еден од астектите на хигиената. Честото и детално миење на рацете, па и надвор од ваквите ситуации во кои тоа е обврска, како што е кога се враќаме дома од надвор, пред јадење и по тоалет, поврзано е со помал ризик од различни видови на инфекција“ - истакна авторката на студијата, Сара Бејл.