Колку социјалните мрежи влијаат на самодовербата на тинејџерите
Самодовербата на тинејџерките драматично паѓа во последните седум години, а истовремено користењето на социјалните медиуми расте. Децата уште во првите одделенија во основните училишта веќе имаат свои профили на Фејсбук и Инстаграм. Токму користењето на социјалните медиуми многу влијае на самодовербата особено кај тинејџерите.
Една анкета направена во Велика Британија на 50.000 ученици открила дека само една од три 15-годишни девојки има висока самодоверба.
Главната причина поради која девојките имаат ниска самодоверба е нивниот изглед - оваа жалба далеку ги надминува какви било проблеми на училиште или во семејниот живот.
Денес само 33 посто девојки во периодот од 14 до 15 има добро мислење за себе, додека во 2007 година 41 посто од девојките имале високо ниво на самодоверба.
Момчињата во истиот период имаат значајно повеќе самодоверба. 50 од нив откриваат дека имаат високо ниво на самодоверба.
Загрижуваат и податоците за 62 посто од девојчињата во периодот од 14 до 15 година и 53 посто од девојчињата во период од 12 до 13 години кои сакаат да ослабнат, а советите за тоа ги бараат на Интернет.
Дури и децата во период од 10 до 11 години станале загрижени поради својот изглед, а 33 посто од нив покажуваат желба да ослабнат неколку килограми.