Колку треба да платите ако сакате да се заштитите на Фејсбук?
Фејсбук наведува дека со ваквиот начин на плаќање, корисниците би можеле да бидат многу посигурни, бидејќи сите други лажно профили многу полесно ќе се избришат кога корисникот има свој профил, верифициран со официјален документ.
По примерот на Илон Маск и Марк Цукерберг во неделата ги „расположи“ корисницните на Фејсбук и Инстаграм.
Најави воведување на моделот „Meta Verified“, за кој корисниците треба да се претплатат, а кој ќе им овозможи да имаат верифициран профил, секако ако платат.
„Meta Verified ќе биде услуга која ви овозможува да го верифицирате својот профил со ID, да добиете сина значка, да добиете дополнителна заштита од лажно претставување против профилите кои тврдат дека сте вие и да добиете директен пристап до корисничката поддршка“ - вели Цукерберг.
Сето ова ќе чини 11,99 долари месечно за веб користење, додека за корисниците на iOS е нешто поскапо, поточно 14,99 долари месечно.
Оние кои веќе имаат верифицирани профили на Инстаграм и Фејсбук ќе може да ги задржат без никакви трошоци, барем засега. Компанијата, новата услуга ја опиша како начин на кој „им помага на креаторите во подем да ја зголемат својата присутност и побрзо да изградат заедница“.
Ккао и другите технолошки компании, социјалните мрежи се погодени од тешките економски кризи. По повеќе од 18 години вртоглав раст на корисници и приходи, компанијата сега е во ризик да ги изгуби долгогодишните корисници, кои преминуваат на поновите апликации, првенствено на ТикТок, кој Цукерберг го смета за еден од своите најголеми конкуренти.
фото: freepik.com