Колку време им треба на момчињата да се заљубат, а колку за да изјават љубов?
Скоро и не постои девојка која барем еднаш не го поставила тоа прашање! Поради тоа ќе ти откриеме колку време навистина му треба да се заљуби во тебе...
Понекогаш тоа трае неколку недели, а понекогаш дури и со месеци, додека не можеме да зборуваме за заљубеност. Особено на девојките оваа тема им е навистина стресна, бидејќи секое момче му треба време за навистина да се заљуби. Често во почетокот на врската чувството на силна привлечност го заменуваат со вистинска љубов. Меѓутоа, кога тој навистина се заљубува?
Експертите за врски тврдат дека и на двата пола им треба навистина подолго време за да се заљубат. Бидејќи секој човек и секоја врска се индивидуални, не постои опш одговор или временски период кога тоа ќе се случи. Бидејќи, експертите тврдат дека во првите неколку недели од врската може да зборувате за меѓусебната страст и желба. Тоа чувство може да се појави брзо, додека за вистинка заљубеност треба навистина да се запознае партнерот, а тоа е навистина долг процес.
Но, тој процес може и да се забрза: луѓето кои позитивно размислуваат, може да се заљубат побрзо од песимистите. Тоа објаснува со тоа дека песимистите гледаат критички на врската и партнерот, додека оптимистите се подготвени на врската да и дадат можност.
Истражувањето на порталот vouchercloud.com покажа дека момчињата се заљубуваат побрзо од девојките! А во него учествувале 2000 момчиња и девојки кои во врска биле повеќе од една година. Резултатите покажале дека момчињата најчесто се заљубуваат по три месеци, додека жените љубов почувствувале по пет месеци. Следното прашање било: Кога прв пат изразивте љубов на партнерот? Тука состојбата се менува. Жените прв пат кажале „те сакм“ по шестиот месец, само еден месец откако се заљубиле. На момчињата им требало повеќе време и храброст да ги изговарат овие две магични зборчиња – дури девет месеци. Што значи дека на момчињата од заљубувањето до „те сакам“ треба им дури половина година.
Сепак, 13 проценти од испитаниците откриле дека се уште не изјавиле љубов на партнерот, ниту по една година врска. Поголемиот број на испитаници кои на партнерот му изјавиле љубов имале проблем со притисокот на возвраќање на истите емоции... И поради тоа, третина од испитаниците признава дека изјавиле љубов, иако не го мислеле тоа.