Комбинација на денот: Стајлингот на Џенифер Лопез кој може да го ископира секоја девојка

Комбинација на денот: Стајлингот на Џенифер Лопез кој може да го ископира секоја девојка

Објавена во: Мода // Moj стил

фото: Tanjug/AP

Американската пејачка Џнифер Лопез (51) беше фотографирана како излегува од автомобилот пред музичкото студио во Беверли Хилс, а по тој повод носеше нешто што секоја девојка може да си го дозволи и облече.

Имено, латино дивата беше фотографирана оваа сабота во многу добро расположение, а изгледаше многу освежено и убаво.

фото:profimedia

По тој повод, музичката sвезда носеше зелена тренерка и кафени очила за сонце што и покриваа половина од лицето, додека носеше патики во иста нијанса со тренерките, а косата ја врза во пунџа.

Додека патиките што Џенифер ги носи „Jordan 1 Retro High Lucky Green“ можеби се малку поскапи за нашиот буџет и изнесуваат 250 американски долари, вие можете да си дозволите тренерка за многу помалку пари, доколку одлучите да купите имитација на брендот што го носи Џенифер.
Овие тренерки се моментално многу актуелни и се продаваат речиси секаде.

Точно, пејачката не штедеше, па нејзиниот дукс „Les Tien“ е 250 долари, додека долниот дел од тренерката чини 191 американски долари, но во нашите трговски центри, може да се најде тренерка со сличен крој и иста боја до 30 евра, па секоја девојка од нашето подрачје може да изгледа како позната латино дива.

Комбинација на денот: Анастасија Ражнатовиќ во мини фустан и чанта од 2.000 долари

Објавена во: Мода // Moj стил

Можеби ќе ве интересира: