Комбинацијата од одвие две фризура ќе ја обележи есента: Како да ја стилизирате косата во овој период од годината?
Инфлуенсерката Шеј Саливан на Инстаграм сподели фотографии од нејзината нова фризура, која ја нарече „The Brachel“, која е создадена како комбинација од две многу популарни фризура од две различни децении.
„The Brachel“ е, како што пишува „Miss7“, комбинација од две многу омилени фризури од две омилени децении - шишките на Бриџит Бардо од 60-тите и фризурата на Рејчел Фрин од 90-тите.
Предниот дел на фризурата се состои од шишки, кои од страните имаат подолги прамени кои го врамуваат лицето и му даваат убава структура околу веѓите и јаболкниците, а на задната страна има распоредени, испрекинати слоеви, какви што во „Пријатели“ имаше Рејчел Грин.
Оваа фризура е преполна со волумент кој ѝ дава и одредена доза на разиграност, па затоа и не е изненадувачки фактот што со голема брзина стана многу популарна.
Но, колку и да е популарна и прекрасна, сепак е добро да се има на ум дека за стилизирањето на оваа фризура треба да се посвети малку повеќе време.
фото: Принтскрин / Инстаграм