Комбо на денот: Ања Ветерова со изглед идеален за студените пролетни вечери
Комбинација идеална за студените пролетни вечери...
Иако пролетта ни пристигна, температурата и времето воопшто, повеќе потсетуваат на есен. Токму за овие денови, кога не можеме целосно да ја извадиме пролетната облека од плакарите, идеална модна комбинација има пејачката Ања Ветерова.
Таа ретко кога греши, кога е во прашање модниот избор, па така овој пат ни понуди вистинско решение за студените пролетни вечери. Комбинацијата е составена од светли фармерки со крој е во последно време е апсолитен ХИТ, светло кафена тесна ролка, а тука е сакото со кафени нијанси.
Целата комбинација ја разигра со нежно розовите патиките, кои најмногу потсетуваат дека е пролет, а целиот изглед го заокружи со минималистичкиот накит.
Веруваме дека овој изглед на пејачката, која веќе неколку години живее во Соединетите Американски Држави ќе ви помогне за да се одлучите што да облечете за следното вечерно излегување.фото: Принтскрин / Инстаграм