Комбо на денот: Ким Кардашијан во фустан со уникатен детаљ кој ќе биде тренд број еден
Ријалити ѕвездата повторно ги предводи трендовите за претстоечката сезона.
Ким Кардашијан уште еднаш докажа дека заслужено ја носи титулата светска трендсетерка.
Фустанот кој го носеше пред некое време веќе полека, но сигурно го зазема своето место во плакарите на модните инфлуенсерки и познати ѕвезди ширум светот, и станува популарен на Инстаграм.
Се работи за едноставне фустан кој ја следи линијата на телото, а уникатноста е во тоа што рабовите на фустанот се однадвор и се видливи, со тоа ја истакнуваат фигурата уште повеќе.