Комбо на денот: Северина во модна комбинација како тинејџерка
Пејачката Северина откако официјално стави крај на бракот со Игор Којиќ постојано е во центарот на вниманието.
Со фотографиите од плажа ги краде воздишките на сите, а помеѓу многуте фотографии кои ги сподели особено се истакна една на која носеше интересна модна комбинација.
Станува збор за комплет од шорцеви и кроп топ во црно бела боја, со интересен дезен. Многумина искоментираа дека изгледа како тинејџерка, а доколку тебе ти недостасува идеја за што да облечеш ова е одличен избор.